Во Кривичен ќе се бара одговорност за смртта на малата Тамара

192

Во Кривичниот суд Скопје денеска на обвинителна клупа треба да седнат 12 лица во врска со смртта на Тамара Димовска од Велес, која во 2015 година почина чекајќи операција на рбетот во странство.

Со обвинение за „несовесно работење во службата“ Основното јавно обвинителство поднесе кривични пријави против поранешната директорка на Детската клиника Аспазија Софијанова како член на второстепената комисија и поранешните директори на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија (ФЗОМ), Маја Парнарџиева – Змејкова и Џемали Мехази.

Кривични пријави се поднесени и против членовите на првостепената лекарска комисија, како и против членовите на второстепената комисија.

На претходното рочиште судењето беше одложето поради отсуство на повеќе обвинети. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...