Во Крива Паланка попладнево наврнаа 46 литри на метар квадратен

487
20130225 Monday 1056 dozd nevreme vrne vrnezi

Попладнево променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи имаше на повеќе места. Најмногу дожд е регистриран на мерното место во Крива Паланка, каде за два часа наврнале 46 литри на метар квадратен.

Како што соопшти УХМР, појака нестабилност е забележана и во Демирхисарско, Гостиварско, Тетовско, како и на североистокот од земјава. Во моментов се уште има локални врнежи од дожд, но грмежите се поретки.

Локално и во наредните часови можно е да наврнат пообилни врнежи за краток временски период.

Утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално се очекуваат пообилни врнежи. Утринската темепратура ќе се движи од 11 до 17, а дневната макисмална ќе биде во интервалот од 18 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе биде во интервалот од 14 до 24 степени.

Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време, а во попладневните часови ќе има услови само за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...