Во Кисела Вода ќе ги одмерат силите ЖРК Спартак и ЖРК Вардар

169

Љубителите на ракометот утре во Кисела Вода ќе имаат можност да проследат женско ракометно дерби, соопштува портпаролот на Општина Кисела Вода, Јанко Бацарија.

– Во спортската сала „Архиепископ Доситеј“, со почеток во 14:00 часот, во рамки на 9 коло од женската супер лига, девојките од ЖРК Спартак од Кисела Вода силите на теренот ќе ги одмерат со екипата на ЖРК Вардар. Влезот за сите посетители е бесплатен – вели Бацарија.

Тој додаде дека утре уште еден клуб од Кисела Вода ќе се бори за победа.

– Девојките од ЖКК Бадел 1862 на гостински терен ќе и се спротивстават на екипата на ЖКК Баскет Кам. Натпреварот ќе се одигра во Македонската Каменица – вели Бацарија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...