Љубителите на женската одбојка во сабота и недела во спортската сала „Независна Македонија“ во Кисела Вода ќе имаат можност бесплатно да проследат неколку одбојкарски натпревари, соопштија од Општина Кисела Вода.
Наведоа дека сениорките на ЖОК „Јанта Волеј“ од Кисела Вода на домашен терен ќе го одиграат вториот полуфинален натпревар против екипата на „Работнички“. На првиот натпревар „Работнички“ го победи тимот на „Јанта Волеј“, со резултат 3-0.
„Во недела на финалниот турнир во јуниорска категорија ќе се одиграат четири натпревари. Со почеток од 11 часот силите на теренот ќе ги одмерат „Јанта Волеј“ и „Работнички“, од 12:30 часот ќе играат „Пелистер“ и „Наковски Волеј“ од Струмица. По ова, од 15 часот ќе се игра за трето место, а за прво место од 16:30 часот“, соопштија од Општина Кисела Вода.