Во Кина се регистрирани 1.807 новозаразени со Ковид-19

Бројот на починати од новиот коронавирус во централната кинеска провинција Хубеи се зголеми од вчера за 93 и сега е 1.789.

100

Бројот на починати од новиот коронавирус во централната кинеска провинција Хубеи се зголеми од вчера за 93 и сега е 1.789.

Во Хубеи, жариште на вирусот Ковид-19, регистрирани се 1.807 нови случаи, со што вкупниот број достигна 59.989.

Најновите информации беа објавени на веб-страницата на здравствената комисија на таа провинција во Кина. Меѓу лицата кои ги загубија животите во Вухан е и директорот на болницата. Речиси 90 отсто од новите случаи се во главниот град на провинцијата, каде живеат околу 11 милиони луѓе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...