Во Кина отворен најголемиот аеродром во светот ВИДЕО

894
 Новиот најголем меѓународен аеродром во светот „Дасинг“ денеска беше официјално отворен во Пекинг од страна на кинескиот претседател Си Џинпинг.

Изградбата на аеродромот започна во 2014 година, чинеше 11,4 милијарди американски долари, а летовите од овој аеродром опфаќаат 112 дестинации во целиот свет.

Според најавата, аеродромот во „Дасинг“ до 2021 година ќе прими околу 45 милиони патници и 72 милиони патници годишно по 2025 година.

Терминалите на новиот аеродром се на површина еднаква на околу 100 фудбалски игралишта, а целиот комплекс се протега на над 47 квадратни километри.

Терминалот на аеродромот Дасинг е во форма на морска ѕвезда за да им овозможи на патниците од безбедносните проверки до најоддалечените гејтови да не одат повеќе од 600 метри, што е околу осум минути.

Новиот аеродром има четири писти и 268 места за паркирање авиони и е оддалечен 45 километри од Пекинг, или дваесет минути патување со брз воз.

Аеродромот Дасинг е отворен само неколку дена пред 1 октомври, кога Народна Република Кина ќе ја одбележи 70 години од постоењето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...