Во Канада најмногу се почитуваат ЛГБТИ правата, Македонија на 83. место

96

Канада, Португалија и Шведска се земјите каде најмногу се почитуваат геј правата, заклучи берлинскиот „Спартакус Интернешнл Геј Гајд (Spartacus International Gay Guide), организација која пружа совети на ЛГБТИ туристи откако анализираше 197 земји во светот. Според овој индекс, Северна Македонија се наоѓа на 83. место.

Канада, Португалија и Шведска имаат по 10 бода, а Северна Македонија има -1. Според анализата на организацијата за антидискриминирачката легислатива имаме 0 бодови, брак/цивилно партнерство (0), дозволено посвојување (0), трансродови права (1), еднаква возраст на согласност (1), влијание на религијата (-1), рестрикции за патување на ХИВ лица (0), антигеј закони (-1), забранета хомосексуалност (0), забранета Парада на гордоста (0), непријателски настроено локално население (-1), обвиненија (0), убиства (0), смртни пресуди (0).

Од земјите во регионот, најдобро рангирана е Словенија – на 28. место со шест бода, Босна и Херцеговина и Хрватска на 47. место со два бода, Грција на 57. со еден бод, Албанија, Бугарија, Косово, Црна Гора и Србија на 68. со нула бодови, Северна Македонија на 83. со минус еден бод, и Турција на 110. место, со минус четири бода.

На последното, 197 место е Чеченија со минус 16 бода.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...