Во Италија забрана за сите спортски настани до 3 април

87

Спортот во Италија ќе биде стопиран до 3 април. Ваква одлука донесе италијанскиот олимписки комитет и се очекува да биде потврдена утре со посебен указ на италијанскиот премиер Џузепе Конте. Причината е опасноста од ширење на коронавирусот.

Утре во 15 часот по локално време ќе има состанок на претседателите на различните спортски федерации во земјата. Премиерот Конте и министерот за спорт Спадафора веќе се известени за одлуката на италијанскиот олимписки комитет и веројатно ќе го исполнат неговото барање.

Забраната се однесува на натпреварите во Серија „А“, но не и за меѓународното учество на италијанските тимови.

Натпреварите во Лигата на шампионите и Лигата на Европа се во надлежност на УЕФА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...