Во името на референдумот!

912

Toa е новата мантра со која се оправдува сѐ, објаснува сѐ и тешко на оној кој ќе се дрзне да покаже и трошка сомнеж сега кога „вознесението на нацијата“ е безмалку на дофат.

Тројството СДСМ, ДУИ и ДПМНЕ, седнати над нивната вечна партија „Монопол“ љубопитно ја гледа понудата за четвртиот играч. Амдевци, Павлевци, Лилиња и Ќосиња, се чини дека понудата е непресушна.

Банката, која како некаков Левијатан е комбинирана од поранешни „сојузни функционери“, „здрави омладинци“ и „демократски фундаменталисти“, добродушно го оправдува изборот. Па ова го имаат изведено еднаш и тоа успешно. Како што со леснотија ги отфрлија „социјализмот и братството ем единството“ но ги задржаа „социјалистичките придобивки“ сега треба да се збогуваат со FYROM, но да се задржи фиромството и уште поважно, придобивките од него.

Со карактеристичен „професионален елан“ и едните и другите се решени да ми го „бранат идентитетот“ пожртвувано и посветено „работат“ во мој интерес!?

Разни „Камбовци и Маневци“ решиле повторно да ме реформираат и бранат. Бдеат над мојата маленкост со нивната „горостасна грамотност, крепосни и премудри“.

Никогаш поканети, а секогаш „симпозиумски“ настроени, на ваквите и ним слични ликови мора да им се згазне на опашката.

Затоа, Големата Дама треба почне да зборува каква е стратегијата за расчистување со „фиромството“ а не за мојот идентитет.

Моторџијата да се симне од моторот и да пооди малку пешки. „Бојкотирам“ сепак оставаат почесен впечаток отколку неговата публика која френетечно му аплаудира.

Првиот полицаец можеби конечно треба да задржи некој осомничен во рамките на границиве – освен ако не очекува постојано да му ги испорачуваат на аеродром?

Времето е кратко. Веројатно недостасува капацитет, волја, желба, сеедно, но, нашиве „вечни стечајни управници“ оф-шор партнери, повторно се обидуваат да ни ја продадат истата приказна – ние плебсот ја имаме моќта, ние плебсот ќе решиме.

Па да решиме, а!?

(Авторот е претседавач на Националниот комитет на Граѓанско-демократската унија)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...