Во Идризово се руши „Одделението за школарци“, ќе стане шеталиште

196

Управата за извршување на санкциите ги продолжува своите активности со цел подобрување на условите за престој во казнено-поправните и воспитно-поправните установи во Република Северна Македонија. Имено, почнувајќи од 28.06.2019,

Од петокот во затворот во Идризово се спроведува акција за рушење на најруинираните објекти од стариот дел на затворот, популарно наречен ,,Одделение за школарци”, соопштија од Управата за извршување на санкции.

По завршување на рушењето и расчистувањето на теренот од градежниот шут, веднаш ќе се започне со оплеменување на просторот и негова пренамена во шеталиште на кое ќе рекреираат и шетаат осудените лица од затвореното одделение во оваа установа.

Осудените лица кои до 2018 година престојуваа во објектите кои сега се рушат, се преместени во новите одделенија кои се изградени и пуштени во употреба во јули лани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...