Во Зоолошка ќе се гради воден свет

144

Воден свет, или просторија со големи аквариуми за риби и други водни животни, ќе се гради во Зоолошката градина во Скопје.

– Оддамна ни беше во план ова да го направиме. Во секоја од европските зоолошки има огромни аквариуми кои се многу посетени, а рибите и морскиот свет се важен дел од училишната едукација на секое дете. Во моментот се изработува проект за тој објект и во координација со градоначалникот Петре Шилегов и со поддршка на градот се надеваме дека во 2020 година Скопје ќе добие морски свет – изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...