Централниот митинг за поддршка на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски почна со граѓански марш пред зградата на Црвениот крст. Маршот треба да заврши со голем граѓански собир во центарот на Скопје, пред седиштето на Делегацијата на ЕУ во 14 часот.
Во официјалната програма на големиот граѓански собир најавени се да се обратат Зоран Заев, претседател на СДСМ, Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател на Република Северна Македонија, Бујар Османи, од ДУИ и Наумче Мојсовски, спортист, ракометар.