Еврокомесарот Јоханес Хан, кој од вчера е во Македонија порача дека е убеден во позитивниот исход на претстојниот референдум во земјава.
Тој ги повика граѓаните да излезат на референдумот и да гласаат.
-Најважно е луѓето да го искористат своето демократско право и да учествуваат на избори, референдум, секој глас се брои – тоа би требало да биде јасно – посебно ако се работи за вакво фундаментално прашање. Да го преминеме мостот. Убеден сум во позитивен исход, но најважна е суверената одлука на народот на земјата и тоа нешто мора да се почитува, а подоцна политичарите би требало да изведат заклучоци и да донесат одлука – рекол Хан.