Премиерот Зоран Заев ќе се обрати до граѓаните во 12 часот. Ова е прво обраќање на премиерот по одлуката на Европскиот совет да не и додели датум за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ. Заев иако завчера се врати во Скопје и не дочека во Брисел да ја слушне одлуката дека Македонија повторно остана пред портите на ЕУ, денеска првпат ќе и се обрати на јавноста.