Во железничка несреќа загина пешак во Скопје

143
pruga

Еден пешак загинал во железничка несреќа изминатото деноноќие во Скопје, а се случиле уште 11 сообраќајни незгоди во кои се повредени вкупно 14 лица од кои четворица потешко, а 10 полесно.

Од потешко повредените еден е возач на мопед, двајца се возачи на мотоцикл и еден е сопатник на автомобил.

Во четири сообраќајни незгоди е причинета метаријална штета.

Сообраќајната полиција санкционирала 18 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, 18 возачи кои возеле пред да се стекнат со правото за управување со моторно возило, како и двајца возачи под дејство на алкохол. Од сообраќај се исклучени и 13 нерегистрирани возила.

Полицијата издала 33 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 70 возила.

За користење мобилен телефон санкционирани се 17 возачи, а за неносење сигурносен појас 13 возачи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...