Во Драч на гласање со калашников ВИДЕО

562

Маж со калашников влегол на избирачко место во Драч, со цел да го попречи изборниот процес, пренесува Albeu.com.

Полицијата открива дека станува збор за лицето Рамиз Баканачи, кој се обидел да го оневозможни галасањето на едно од избирачките места во Драч.

Осомничениот влезе со оружје на избирачкото место, се заканувал на комисијата, ги искршил гласачките кутии, но беше уапсен од страна на полициските сили.

Инаку во Албанија денеска се одржуваат локални избори, кои опозицијата ги бојкотира, а на гласачките ливчиња во повеќе општини има само еден кандидат и тоа од владеачката партија на Еди Рама.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...