Во Дојран в недела средба Иванов- Радев

108

Претседателот Ѓорге Иванов во недела (6 мај) во Дојран ќе оствари средба со бугарскиот претседател Румен Радев, којшто ќе престојува во работна посета на Република Македонија, информираат од Кабинетот на македонскиот претседател.

– Република Македонија и Република Бугарија имаат континуиран политички дијалог и одлични билатерални односи што ги карактеризира традиционално пријателство – беше заедничката констатација на двајцата претседатели, за време на официјалната посета на претседателот Радев на Република Македонија во февруари годинава.

Шефот на македонската држава Иванов на покана на бугарскиот претседател Радев во јуни ќе престојува во возвратна официјална посета на Република Бугарија, велат од Кабинетот на Иванов.

Бугарскиот претседател Радев на 6 мај ќе присуствува на Комеморативна церемонија во Ново Село.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...