За околу два степена е зголемена температурата на езерата во земјава попладнево во однос на утринава.
Според последните мерења на УХМР во 13:30 часот, температурата на водата на Охридското Езеро е 26 степени, а утрово била 23,5, на Преспанското Езеро е 27, а била 25,5, додека на Дојранското Езеро изнесува 30,8 степени, а била 29.
Како што велат од Секторот хидрологија, Дојранското Езеро е поплитко поради што и полесно се загрева. Оттука и природно е да има повисока температура