Полицијата синоќа со судска наредба изврши претрес во домот на 44-годишниот Б.А. од кумановското село Ваксинце.
При претресот во неговиот дом се пронајдени 14 мигранти, шест од Индија и по четири од Пакистан и Авганистан.
Кумановецот е уапсен и против него ќе биде поднесена кривична пријава, соопшти МВР.