Во селото Прешна кај Ново Место во Словенија пронајдени се остатоци од метеор што експлодирал над Хрватска и Словенија пред десетина дена.
Деловите од метеорот ги пронашле Грегор Кос и неговиот син Јернеј во својот двор, пишува Индекс.хр.
Метеорот експлодирал над Хрватска и Словенија на 28 февруари, кога се слушнал силен татнеж во Загреб и неговата околина, како и во другите делови на Хрватска.
Метеорот експлодирал 34,5 километри над Земјата и влегол во атмосферата со
брзина од 21км/ч.