Во Грција запленeти 33 милиони „џихадистички таблети“

221

Грчките власти денеска соопштија дека на 27 јуни заплениле 33 милиони таблети „Кептагон“ на брод во Пиреја.

Вкупната тежина на откриениот „Кептагон“изнесува околу 5,25 тони. На надлежните им било потребно речиси една недела да ги пребројат сите таблети, чија вредност се проценува на половина милијарда долари.

Таблетите „Кептагон“ бил откриени на сириски брод, чија крајна дестинација била Кина, од каде, како што се претпоставува, „џихадистичката дрога“ требала да биде дистрибуирана на Блиски Исток.

Таблетите „Кептагон“ главно се произведуваат во Сирија и познати се како џихадистичка дрога бидејќи ја користат припадниците на Исламска држава. Таблетите предизвикуваат човекот да не чувствува и да не мисли рационално, а нивното дејство може да трае и до четири дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...