Во градинка без солзи: Никогаш не се искрадувајте на заминување!

Доколку и вие го правите ова и си одите внимавајќи вашето дете да не го забележи вашето заминување, ја правите најголемата грешка. Ова кај децата предизвикува чувство на несигурност и страв затоа што никогаш не знаат кога може да се случи да ги напуштите.

356

Децата обично тргнуваат во градинка со една година, а тоа е и период кога стравот од одвојување и стравот од непознати луѓе се на врвот. Затоа би било добро родителите да им помогнат на децата околу совладувањето на тие стравови преку играње улоги, криенка и разговор. Разговорот е исклучително важен, дури и кога станува збор за мали деца. Низ игра ги подготвуваме децата за нови ситуации и за нови околности (како на пример, дека ќе има многу деца, дека ќе мора да ги споделува играчките, дека наместо родителите ќе го чуваат новите тетки).

За да можат децата да не разберат, треба да користите јазик кој им е разбирлив. Односно, детски јазикЧесто забораваме дека иако имаат слабо развиен говор, можат многу добро да разберат што се случува околу нив со помош на говор на телото и тонот на гласот. Реченицата како: „Маја ќе оди во градинка. Маја ќе си игра“, со ведар тон и весело гестикулирање со рацете, и на едногодишно дете ќе му даде на знаење дека го очекува нешто забавно и весело и дека нема причина за страв. На поголемите деца може да им се каже нешто како: „Градинката е посебно, забавно место за игра – само за деца“. Таквата реченица кај детето ќе разбуди љубопитство и желба за истражување.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...