Во Гостивар уапсен српски државјанин по кој имало и меѓународна потерница

390

На 21 февруари околу 15.30 часот во Гостивар од слобода бил лишен М.А.(43) од Горњи Милановац, Република Србија. Полициски службеници извршиле преглед над него и пронашле и одзеле марихуана, по што бил приведен и задржан во Полициската станица Гостивар.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Инаку, по М. А. била распишана и меѓународна потрага од Република Србија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...