Во Германија стотици останаа без возачка на Октоберфест, пијани возеле електрични тротинети

Полициските патроли интервенирале во 32 случаи за да спречат пијани да возат електричен тротинет.

192
ФОТО: Pexels

Германската полиција објави дека на стотици корисници на електрични тротинети им ги одземале возачките дозволи затоа што биле пијани за време на фестивалот за пиво во Минхен, Октоберфест.

Вкупно 414 лица се фатени како возеле е-тротинети во пијана состојба, од кои 254 лица останале и без возачка дозвола, се вели во полициското соопштение.

Полициските патроли интервенирале во 32 случаи за да спречат пијани да возат електричен тротинет.

Во Германија, е-тротинетите, кои беа легализирани во јуни, се категоризираат како „моторизирани возила“. Тоа значи дека нивните корисници подлежат на законска забрана за возење под дејство на алкохол.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...