Во Германија регистрирани два расистички напади врз млади мигрантки

160

Во Германија во текот на викендот регистрирани се два расистички мотивирани напади, а полицијата покрена истрага за инцидентите.

Во петокот вечер непознат маж во Марцан вербално, а потоа и физички нападнал две сириски девојчиња на возраст од 15 и 16 години. Тој ги удрил по лице, по што на девојчињата им е пружена помош во амбуланта.

Напаѓачот избегал.

Во друг случај, непозната жена навредувала една 12-годишна мигрантка и се обидела да и ја симне марамата од глава, при што ја влечела за коса.

Девојчето било полесно повредено, а жената избегала пред да пристигне полицијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...