Градот Скопје соопшти дека во вторник и среда ќе се прска авионски и теренси против возрасни комарци.
Авионската дезинсекција на подрачјето на Скопје ќе се одвива на 11 јуни (вторник) и на 12 јуни (среда), во раните утрински часови.
Терестричната дезинсекција на подрачјето на Скопје ќе почне на 12 и ќе заврши најдоцна до 15 јуни (од среда до сабота), во периодот од 23 до 04 часот, наредниот ден.
Доколку временските услови во наведените денови не се поволни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога времето ќе биде поволно, во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.
Од Градот ги известуваат пчеларите навреме да ги заштитат пчелите.