Во Врапчиште има 25.594 избирачи, денеска гласаа четворица болни и петмина во домашен притвор

42

Во општина Врапчиште денеска избирачкото право го искористија девет граѓани од кои четворица болни и пет кои се во домашен притвор.

Претседателот на ОИК Врапчиште Имер Ќазими потврди дека се обезбедени сите услови за спроведување на првиот круг од изборите за претседател.

На престстојните избори во Избирачкиот список на терторијата на Општина Врапчиште се запишани 25.594 граѓани со право на глас кои утре ќе гласаат на 39 избирачки места.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...