Во вештачка акумулација во Ирак откриена градба стара 3.400 години

685

Градба стара 3.400 години е откриена во вештачката акумулација Мосул Дам на брегот на реката Тигар во автономната област Ирачки Курдистан, откако нивото на водата значително се намалило како последица на големата суша.

Археолозите утврдиле дека станува збор за градба од времето на Митанската Империја, која е најмалку истражувана меѓу држави што постоеле на Блискиот Исток во периодот од пред новата ера.

– Ова е едно од најважните археолошки откритија во регионот во изминативе неколку децении, изјави ирачкиот археолог Хасан Ахмед Касим.

Градбата претставува внимателно дизајнирана палата со ѕидови од кал високи до два метри, на кои се видливи слики со нијанси на црвена и сина боја, што било вообичаена појава за објектите во тој период.

Во самиот објект се пронајдени и десет глинени плочки со текстови испишани со клинесто писмо, кои се испратени на проучување и превод во Германија.

Митанската Империја постоела на денешната територија на југоисточна Турција и северните делови на Ирак и Сирија во периодот од околу 1500 до околу 1300 година пред новата ера.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...