Унгарската полиција денеска ги евакуираше жителите од еден кварт во Будимпешта поради отстранување на бомба заостаната од Втората светска војна.
Евакуирани се околу 3.500 жители од областа околу Градскиот парк во центарот на Будимпешта, а целиот крај е делумно блокиран. Стопиран е и автобускиот и тролебускиот сообраќај, а градските власти обезбедија привремено сместување за евакуираното населени, како и превоз и помош за болните и стари лица.
Бомбата тешка сто килограми од Втората светска војна откриена е вчера при изведување на градежни работи.