Во Босна има 752 лица со над 100 години, повеќето се жени

343

Во Босна и Херцеговина живеат 752 луѓе кои имаат над 100 години, а најстариот има 114 години и живее во Сараево, пренесува „Курир.рс“.

Според податоците на Агенцијата за идентификациони документи, евиденција и размена на податоци, во државата има повеќе жени отколку мажи.

– Имаме 214 мажи и 538 жени кои имаат над 100 години – изјавиле од Агенцијата.

Најголем дел од нив, односно 13 мажи и 33 жени, живеат во Мостар.

До пред неколку месеци, во државата имало 769 лица кои ја надминале 100-та година, а бројот на жени бил двојно поголем.

Најстарата личност на светот е Кане Танака, која има 115 години. Се верува дека најдолговечно лице на светот е Французинката Жан Калмен, која живеела 122 години и 164 денови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...