Во Општата болница во Охрид повторно е ставен во функција апаратот за компјутерска томографија, информираат од Министерството за здравство.
Апаратот десет месеци не функционираше поради дефект на РТГ цевката, која сега е заменета.
Од Министерството посочуваат дека пациентите во Општата болница Охрид повторно ќе имаат можност за да направат компјутерската рендген дијагностика која припаѓа на најпрецизните видови на истражување и овозможува брзо добивање на резултати.
Годишно во Oпштатa болница во Охрид се прават околу 4.000 КТ снимања.