Информациите дека се урнал хеликоптер во близина на Коњевиќ – Поле ја потресе денеска хавноста во БиХ. Но, иако сите медиуми пренеле дека хеликоптер паднал околу 12.35 часот, тоа не се случило, туку дошло до спој на жици на далековод, што предизвикало силна експлозија, јавува „Дневни аваз“.
Претходно за медиумот од министерството за одбрана на БиХ изјавиле дека урнатиот хеликоптер не е од воружените сили на БиХ, а не е ни од ЀМУП на Република Српска, ниту на ЕУФОР.Хеликоптер се урна на местото Равница, општина Братунац, БиХ, а деталите за падот сѐ уште не се познати. Несреќата се случила околу 12.30 часот. Нема информации дали има жртви и за каков тип на хеликоптер станува збор.