Театри од Белград, Сараево, Загреб, Скопје, Подгорица и Бањалука потпишале протокол за соработка и формирале Регионална унија на театри (РУТА), јавува N1.
Регионалната унија ја сочинуваат Београдско драмско позориште, Драмски театар од Скопје, Камени театар 55 од Сараево, Градско позориште од Подгорица, Месно гледалишче од Љубљана и Казалиште Улусес од Заегреб, а целат е да се овозможи соработка помеѓу тие театри и публиката да може да види репрезентативни претстави од регионот и да се паравт големи копродукции.
Првиот фестивал РУТА ќе се оддржи од 1 до 6 декември во Београдско драмско позориште, а потао ќе продолжи во регионот. Фестивалот ќе го отвори претставата на БДП „Лилиа“ во режија на Ана Томовиќ, а потоа публиката ќе може да ги види претставите од регионот.
Идеен творец на РУТА, Југ Радивојевиќ рекол дека БДП од основањето е свртено кон светот, Европа и регионот и дека целта на театарот е да оди во чекор со времето и дека една од неговите цели од кога тој е на чело на БДП е да се овозможи соработка помеѓу театрите на главните градови на поранешните југословенски републики.
Претставничката на Драмски театар Скопје, Софија Куновска истакнала дека соработката во регионот е здрава за граѓаните, но и за театарските професионалци кои ќе добијат можност да работат и на други сцени.