Во Арачиново момче завршило со посекотини од нож во расправија за движење по улица

138

Поради расправија за движење по улица во скопското село Арачиново вчера Р.Б со нож го нападнал деветнаесет годишниот Е.Р нанесувајќи му исекотини, по што побегнал.

Инцидентот се случил вчера во 15.30 часот на ул. 10 во село Арачиново во близина на џамијата.

На Е Р. му е укажана лекарска помош во ГОБ “Наум Охридски“, каде му се констатирани телесни повреди, по што е пуштен на домашно лекување.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...