Во Амбасадата на РСМ во Белград гласале 20 македонски државјани

120
ФОТО: EPA/KOCA SULEJMANOVIC

Вкупно 60 македонски државјани во Србија денеска од 07.00 до 19.00 часот го остваруваат своето граѓанско право за избор на нов претседател на земјава. До 13 часот излезеноста е околу 30 проценти. Гласањето тече без проблеми и ќе трае до 19 часот кога се затвора гласачкото место, јави дописникот на МИА.

– Гласањето почна на време и тече без проблеми. Излезеноста до 13 часот е околу 30 отсто, изјави  в.д. амбасадорот Александар Поповски и претседател на Избирачкиот одбор на избирачкото место 5025 во Амбасадата на РСМ во Белград.

Македонските државјани во Србија втор пат гласаат на претседателските избори. Пред пет години во Белград гласаа 241 граѓанин.

Македонските државјани на гласањето се со позитивни очекувања од претседателските избори.

-Од овие избори очекувам се најдобро за мојата таковина. Секој граѓанин треба да го исполни своето граѓанско право да гласа. Нека победи најдобриот, со намера дека и ние Македонците ќе бидеме рамноправни во целиот свет, вели Виолета Лазовиќ од Крушево која сега живее во Белград.

Според Незаредин Шерифовски од Ресен, кој 35 години живее во Белград, демократско право на секој граѓанин е да го даде својот глас.

– Јас пред еден месец се пријавив тука и денека своето граѓанско право го завршив. Му посакувам успех на победникот и се надевам дека одиме кон подобро, изјави Шерифовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...