Поради се поголемиот број малолетни деликвенти, во Австрија се води бурна дискусија за тоа како да се намали криминалот меѓу малолетниците.
Минатата година дури 6.241 осомничени биле на возраст од 10 до 14 година, што е пораст од шест проценти, а уште 990 биле под 10 години старост, што е раст од 30 проценти, покажуваат официјални податоци.
Поради овие шокантни податоци, доскорешниот министер за внатрешни работи и шеф на пратеничкиот клуб на Слободарската партија на Австрија (ФПО) Херберт Кикл, побара намалување на старосната граница за казнување од 14 на 12 години.
Кикл сака да се овозможи деца од 12 години да можат да бидат осудувани на затворски казни.
На друга страна, Карл Марер од Народната партија (ОВП), бара да се казнуваат родителите на малолетните деликвенти.
Доколку родителите не сакаат да соработуваат со властите за ресоцијализација на своите деца, Марер предлага парични казни, па се до, ако се работи за мигранти, забрана за одобрување австриско државјанство.