После големите жештини, делови на Австралија ги погодија катастрофални поплави.
Во североисточниот дел на земјата повеќе од 20.000 луѓе се приморани да се евакуираат поради закани од поплави.
Поради зголемиот водостој на реките, на патиштата се појавиле крокодили и змии, јавија локалните медиуми, а метеоролозите најавуваат уште дождови во наредните денови.
Градот Таунсвил во Квинсленд е речиси целосно поплавен. Жителите се без струја, а многумина биле приморани да се качуваат на крововите на куќите за да се спасат од поплавите.
Во текот на денешниот ден се очекуваат уште обилни врнежи.
ФОТО: EPA