Во Австралија се очекуваат температури од над 40 степени

223

Следната недела во Австралија би можело да биде регистриран најтоплиот ден во историјата на земјата, бидејќи топлиот бран од запад се префрла на и онака потоплиот истокот на континентот, предвидуваат меторолозите.

Од среда се очекуваат температури од над 40 степени Целзиусови.

Моменталниот рекорд е забележен на 2 јанаури 1960 година кога биле измерени 50,7 степени во градот Одандата, во јужниот дел на Австралија, пренсе Би-Би-Си.

Во делови од западна Австралија и Квинсленд  веќе е издадено предупредување за опасност од пожари.

Иако пожарите во Австралија се вообичаена појава во текот на жешките лета, што почнуваат од декември, оваа сезона тие се појавија многу порано, пред се заради високите температури во текот на есента.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...