Пред околу еден час била ограбена банка во центарот на Велес, која се наоѓа пред хотелот „Интернационал“, дознава Плусинфо.
– Маскиран напаѓач, вооружен со пиштол, влегол во просториите на банката околу 9.20 часот и ја ограбил – потврдија од МВР за Плусинфо.
Засега нема информации дали има и повредени при грабежот и колку пари се украдени.