Петмина маскирани и вооружени разбојници со автоматски пушки ограбиле казино на „Адмирал“, на булевар „Партизански одреди“ во Порта Влае, објави МИА.
Разбојниците ги одзеле парите од дневниот пазар и побегнале.
Случајот во полиција бил пријавен утрово во 6:27 часот. Од МВР преземаат мерки за расчистување на случајот.