Утрово во експозитурата на НЛБ Банка АД Скопје во општина Сарај се случил грабеж од страна на вооружена група разбојници.
Во моментот на случувањата во експозитурата биле присутни вработени и клиенти, при што сите се безбедни и во добра состојба, информира банката која вели дека парите на клиентите се сигурни затоа што НЛБ банка имала осигурување на целиот свој имот и средства.
„Претставници на банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во филијалата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план. Во моментов сѐ уште нема детали за висината на направената штета. Надлежните органи вршат увид на самото место и се во блиска соработка со Банката за што побрзо и ефикасно разрешување на случајот и разоткривање на деталите, за што јавноста ќе биде дополнително известена. Средствата на клиентите се сигурни бидејќи банката има осигурување на целиот свој имот и средства“, информира НЛБ Банка.