Вооружени полицајци чекаат Асанж да биде исфрлен од амбасадата на Еквадор во Лондон

478

Британската полиција денеска распореди свои вооружени припадници пред еквадорската Амбасада во Лондон откако на профилот на Викиликс на Твитер беше објавено сознание од високи извори дека основачот на организацијата Џулијан Асанж би можел да биде исфрлен од објектот „во наредните часови или денови“.

Локалните медиуми јавуваат дека ситуацијата во Амбасадата е мирна и оти ниту еден нејзин вработен, ниту британските власти не го коментираа статусот на Твитер.

Лондонската полиција соопшти дека нема промени во полициската процедура. Во соопштението се додава дека има активен налог за апсење на Асанж и оти полицијата „има обврска да постапи по тој налог доколку тој ја напушти Амбасадата“.

Секојдневната полициска стража пред Амбасадата беше укината во октомври 2015 година повеќе од три години откако беше воспоставена и се премина на она што полицијата го нарече „прикриено“ дејствување.

Асанж е во еквадорската Амбасада од август 2012, откако се засолни поради стрв дека британските власти ќе го уапсат и екстрадираат во САД кои го бараат поради објавување илјадници тајни воени и дипломатски документи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...