Неколку вооружени лица потполно ја уништиле градежната компанија „5Д“ на семејството Угричиќ од село кај Врање.
Најпрво го заврзале стражарот, му ставиле кеса на главата а потоа запалиле сѐ. Се проценува оти штетата е над пола милион евра.
Запалиле девет камиони, две машини за градежништво, како и дел од асфалната база.