Пукнатина во источното крило Килауеа 16 настанала по ерупцијата на еден од најактивните вулкани на светот.
Илјадници луѓе побегнале од своите домов поради лавата и отровните гасови, а десетици домови се уништени.
Американскиот геолошки институт предупредува дека во наредните денови се можни нови пробиви на лава која достигнува температура до 1150 степени Целзиусови.
На Големиот остров во сила е вонредна состојба, а повеќето локални патишта се уништени или блокирани од камења.