Вонредна состојба во Канбера, пожарот излезе од контрола

Официјални лица велат дека се работи за најголемата закана од пожар во последните две децении и оти главен приоритет за властите во Канбера е негово ставање под контрола.

205
FOTO MIA

Австралиските власти прогласија вонредна состојба во и околу главниот град Канбера, каде постои ризик од неконтролиран пожар, за чие ширење придонесуваат и високите температури и силниот ветар.

Вонредната состојба ќе биде во сила следните 72 часа и ќе им овозможи на властите поголеми овластувања да наредат евакуација, да затворат патишта и да ја преземат контролата врз приватната сопственост.

Официјални лица велат дека се работи за најголемата закана од пожар во последните две децении и оти главен приоритет за властите во Канбера е негово ставање под контрола.

Премиерот на областа Ендрју Бер предупреди дека пожарот „може да стане неконтролиран поради силниот ветар и температурите кои достигнуваат 40 степени“.

Јужно од Канбера во голем пожар горат повеќе од 18.500 хектари, јави Би-Би-Си.

Жителите на предградијата на Канбера се повикуваат да бидат подготвени за можни евакуации.

Територијата на Канбера опфаќа мала област меѓу Сиднеј и Мелбурн со население од околу 400.000 жители.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...