Вонредна состојба во делови од Србија поради обилните дождови

256

Поради невремето во Србија, во Чачак и во уште девет општини е прогасена вонредна состојба, а началникот на Секторот за вонредни ситуации при Министерството за внатрешни работи на Србија, Предраг Мариќ, посочи дека сите тимови од Секторот се на терен.

– Припадниците на Секторот за вонредни ситуации, заедно со тимовите за цивилна заштита, се на терен и ја следат ситуацијата, со цел по потреба веднаш да дејствуваат – наведе Мариќ.

Најавените обилни дождови, во текот на изминатата ноќ, најмногу проблеми предизвикаа во Аранџеловац, каде се евакуирани пет лица, додека во останатите места се оштетени патишта, мостови и сообраќајници.

– Нема повредени лица – нагласи Мариќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...