Епидемиолози од Институтот за јавно здравје-Скопје, но и тим од Државниот санитарен и здравствен инспекторат од утринава се во штипската Клиничка болница, со цел да се утврди состојбата, но и изворот на заразата од вирусот хепатит Ц кај 11 поранешни паценти на Одделението за ортопедија.
Д-р Ирина Бухова, директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, за МИА вели дека во текот на денот извршиле координарен вонреден инспекциски надзор при што согледана е целокупната епидемиолошка состојба во Клиничката болница Штип. Во врска со констатираната состојба, дадени се насоки за понатамошно постапување во установата.
Во однос на бројот на пријавени заболени со хепатит Ц, не се регистрирани нови случаи. За сите понатамошни активности се дадени препораки, како и за резултатите од дијагностичките постапки кај пациентите кои се во тек во релевантни институции, ќе бидете информирани дополните, од страна на ДСЗИ, ИЈЗ и МЗ, се вели во соопштениетот од Државниот санитарен и здарвствен инспекторат. Горе наведените институции ја следат континуирано состојбата на терен и ќе бидат во непосреден контак со Клиничка болница Штип.
Инаку, вирусот хепатит Ц се пренесува преку крв и отворени рани. Првите заболени пациенти се откриени во јули, кога првичната бројка беше шест, а во текот на минатата недела се искачи на 11 пациенти.