Во близина на влезот во железничката станица Смоквица, вчера во 5 часот патнички воз кој сообраќал на релација Гевгелија – Скопје, наишол на група мигранти, при што удрил во две лица, соопшти МВР.
– Според кажување на лицата, повредените се на возраст од 26 и 27 години од Алжир. Со возило на Итна медицинска помош повредените биле пренесени во Општа Болница Гевгелија, каде им биле констатирани тешки телесни повреди и се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ на понатамошно лекување.
Извршен увид на местото на настанот.