Возот што излета кај гостиварска Лакавица удрил во карпа

610

Патничкиот воз кој сообраќа на линијата Кичево-Скопје изутринава удрил во карпа која најверојатно паднала на шините во близина на селата Лакавица и Падалишта гостиварско. Повредени нема, но има материјална штета и во прекин е сообраќајот на тој дел од пругата.

Во полициската станица Гостивар утрово, во 6,45 било пријавено дека патничкиот воз кој тргнал од Кичево удрил во карпа на потегот помеѓу селата Лакавица и Падалишта. Од ударот композицијата излетала од шините.

По пријавувањето на местото на настанот е упатена екипа за увид, кој треба да започне наскоро.

Согласно со стандардната процедура, со помошен воз треба да се врати гарнитурата на шините по што ќе се утврди оштетувањето на пругата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...