Возот кај Маџари удрил во полициско возило, загинатиот е полицаец

1212

Полициски службеник А.Б. од Полициската станица Гази Баба е загинатото лице во железничката несреќа што утрово се случи на преминот Маџари во Скопје, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

– Товарен воз што сообраќал од Табановце кон Скопје утрово во 5.50 часот удрил во возило „фолксваген венто“ сопственост на МВР, а управувано од А.Б. полициски службеник во Полициската станица Гази Баба кој починал на лице место – информираат од МВР.

Известен е јавен обвинител од ОЈО Скопје кој врши увид на местото на  несреќата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...